• вторник, 29 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Отворен и Кариерен ден на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Отворен и Кариерен ден на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Штип, 15 април 2025 (МИА) - Средношколци од средните училишта од Штип, но и од останатите општини од земјата, студенти од факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип денеска се дел од настаните Отворен и Кариерен ден. Двата настани ги организираа вработените во УГД-Штип и компаниите од Стопанска комора.

Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски истакна дека на настанов учествуваат над 40 компании од земјава. Средношколците имаат можност полесно да одлучат што ќе студираат, бидејќи директно ќе се запознаат со своите професори, а пак студентите можат да имаат директна комуникација со компании и да се информираат за работните места кои ги нудат.

-Буквално од секаде, имаме навистина огромен број на компании, мислам дека се 40, ученици од цела Македонија, што ми преставува посебно задоволство што факултетот станува интересен за студентите не само од нашиот регион, туку од цела држава, изјави Мираковски.

Целта на Отворениот ден е да се променат статистичките бројки кои покажуваат дека голем број млади по завршување на образованието заминуваат на работа во високо образовните држави.

Елисавета Горгиева-Јовевска од Стопанската комора на Македонија вели дека со високо образование, но и со средно стручно може да се најде добра работа во државата.

-Сакаме да ја смениме статистиката и сакаме да ги смениме бројките на одлевање на кадар во високо развиените земји. Организирајќи вакви настани навистина можеме да делуваме да го задржиме најважниот фактор кој создава дополнителна дејност и дополнителна вредност, а тоа е човечкиот фактор, рече Горгиева-Јовевска.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека со силно образование и студенти кои ќе се пронајдат на пазарот на труд може да се продонесе за развој на градот Штип.

-УГД Штип е иднината на младите, иднината на бизнис сектор, реалниот сектор, иднината на Општина Штип, изјави Јорданов.

Отворен и Кариерен ден на УГД Штип се реализира втора година по ред. Успешноста на настанот од претходната година, ја продолжи традицијата и годинава. вдј/дма/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан