• среда, 25 декември 2024

Отворен Инфо Центарот за Шар Планина на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово

Отворен Инфо Центарот за Шар Планина на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово
Тетово, 16 април 2022 (МИА) - Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово организираше пригодна свеченост по повод основањето на Инфо Центарот за Шар Планина. Овој центар претставува поддружница на клубот со два вида на активности. -Првата активност ќе биде прибирање на информации од сите засегнати страни кои функционираат во регионот на Шар Планина, споделување на истите информации на корисниците, како што се функционалноста на планинарските патеки, сместувачките капацитети, услуги од типот на водичи, транспорт, угостителство, ракотворби како и промовирање на овие услуги пред туристите. Вториот сегмент е продажбата на сувенири и планинарска опрема, изјави Јован Божиновски, претседател на „Љуботен“. Планинарскиот клуб годинава бележи 97 години постоење и низ годините било вклучен во поголемиот дел од активностите кои се случувале на Шара. -Така се роди и оваа идеја за инфо центар. Клубот кој бил активно вклучен во сите активности насочени кон реализација на целта Шара да биде национален парк, сега со овој проект уште повеќе ќе придонесе заедно со сите засегнати страни да се промовираат вредностите на Шара да ја зачуваме таква каква што е за идните генерации да доживеат како и ние денес, посочи на свеченоста Божиновски. Канцеларијата на Инфо Центарот за Шар Планина е во објект веднаш до клупските простории во Тетово. Во иднина се планирааат и едукативни посети и работилници. По настанот присуните имаа можност да проследат филмски проекции во рамки на „ЕХО“ фестивалот на планински филм кои се одржаа во големата сала на музичкото училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“. ас/аа/  

Остани поврзан