• среда, 13 ноември 2024

Отворен ден на Основниот кривичен суд Скопје по повод Европскиот ден на правдата

Отворен ден на Основниот кривичен суд Скопје по повод Европскиот ден на правдата
Скопје, 25 октомври 2021 (МИА) - По повод Европскиот ден на правдата - 25–ти октомври, Основниот кривичен суд Скопје во соработка со Коалицијата „Сите за правично судење“, организраше отворен ден на судот на кој присуствуваа студeнти од ФОН и средношколци – дел од програмата „Учиме право“ при Младинскиот образовен форум. Студeнтите и средношколците, како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, имале можност да се запознаат со работата на судската служба, стручните соработници, техничките услови за работа во  судниците како и разговор со судија за начинот на водење на Кривичните постапки и сите предности и предизвици кои ги носи судиската финкција. -Отворениот ден на судот, е дел од заложбите на Кривичниот суд за поголема транспарентност и отчетност пред јавноста како и соработка со невладиниот сектор, граѓанските асоциации и Правните факултети. Денешниот настан е и повод како суд да упатиме апел до сите студенти по право да  ја искористат можноста за волонтирање и стажирање во рамки на Кривичниот суд, како место каде може да се стекнат со основното знаење и искуство за работа и градење кариера во правосудниот систем, стои во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје. аа/дма/

Остани поврзан