• среда, 25 декември 2024

Отворен ден во Хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ во Велес

Отворен ден во Хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ во Велес

Велес, 29 мај 2024 (МИА) - Деветтооделенците од сите основни училишта од Велес  и  поширокиот регион денеска го посетија велешкото хемиско училиште „Димитрија Чуповски“ и детално се запознаа со секторите и квалификациите кои годинава за нив ги нуди училиштето.  Во ССО „Димитрија Чуповски“ завршените основци може да бираат помеѓу три сектори, и тоа сектор Здравство и социјална заштита каде може да бираат меѓу квалификациите фармацевтски техничар/медицинско лабараториски – санитарен техничар којашто е комбинирана дуална паралелка, потоа медициска сестра, како и физиотерапевтски техничар/гинеколошко акушерска сестра којашто исто така е комбинирана дуална паралелка.

- Во секторот Лични услуги деветтооделенците може да ја изберат квалификацијата техничар за козметичка нега и убавина додека во секторот Хемија и технологија може да ја изберат четиригодишната квалификација техничар за заштита на животната средина/хемиско лабораториски техничар којашто е комбинирана паралелка и нуди дуално образование како и класификацијата месопреработувач/пекар, исто така комбинирана паралелка со тригодишно траење. Во сите дуални паралелки учениците имаат можност да конкурираат за стипендија, информира професорката Мимоза Јовиќ.

Таа појасни дека деветооделенците покажале голем интерес и во голем број  ги посетија просториите во коишто се изведува и практична наставата: козметичкиот салон, аптеката, кабинетот по анатомија и физиологија, двата кабинети по нега на болен, како и една од хемиските лаборатории и пекарата во училиштето.

Воедно на штандовите во дворот на училиштето беа претставени нивните сектори и квалификации: пекарите, техничарите за заштита на животна средина, техничарите за козметичка нега и убавина како како и учениците од секторот Здравство и социјална заштита на коишто идните средношколци можеа да се запознаат со дел од тоа што го работат и изучуваат нашите ученици. Сите идни средношколци добија и флаер со цел да разгледаат кои сектори и квалификации ги нуди нашето училиште за упис следната година

На штандовите беа претставени и  нивните  деловни партнери, Агриа, двете пекари Палма, бурекчилница ЦЕЦЕ, пекара Ќоше, фурна Гемиџии, аптеките Зегин и Еурофарм, Технолошко – техничкиот факултет – Велес со свои штандови земаа учество на отворениот ден како и Факултетот за туризам и менаџмент – Скопје.

Директорот на училиштето Петре Жабев потенцира дека Хемиското училиште во Велес е едно од најстарите и најренмираните во земјава и од него со генерации произлегуваа многу стручни кадри од кои веднаш се вработуваат, а голем дел успешно го завршуваат високото образование.

Првиот упис во средните училишта е од 20 до 25 јуни, како и  на 1 и 2 јули. ад/дма/

Фото: МИА

 

Остани поврзан