• среда, 25 декември 2024

Отворен дваесеттиот фестивал „Албански театар во Северна Македонија“

Отворен дваесеттиот фестивал „Албански театар во Северна Македонија“

Дебар, 2 септември 2021 (МИА) - Со свеченост на која беа доделени признанија на институции и поединци кои дале поддршка и придонесле во афирмирањето на оваа значајна културна манифестација, вечерва во Центарот за култура во Дебар, почна дваесеттото издание на фестивалот „Албански театар во Северна Македонија“. 

На свеченоста се обрати директорот на фестивалот Илбер Нуредини, кој кусо се потсети на почетоците и се заблагодари на сите оние кои „имале верба во негото залагање и го подржале, а со самото тоа и дваесет годишното постоење на фестивалот“. 

-Уште кога почнавме ентузијазмот и надежта не не напуштија ни за миг, но, искрено потајно не ни верував дека ќе достигнеме до 20-тото издание. Со полна душа и цело срце се заблгодарувам на сите, но, најногу на дебарската публика, која знае да цени, почитува и награди, со масовно присуство. Простете што не може сега секој да присуствува поради паднемијата, но, затоа може да не следи во живо на социјалните мрежи. Се надевам дека што побрзо ќе се вратиме во нормала и до година ќе не има како порано, рече меѓу другото Нуредни. 

Силно сум убеден, додаде, дека набрзо надлежните ќе го прифатат барањето за институционализација на фестивалот. 

Покрај другите, се обрати и актерката Теута Ајдини, по потекло од Дебар, чиј татко Ќемал Ајдини беше познат тетарски актер.  

-Емоците не можам да ги скријам. Поврзна сум со градот, со театарот, со фестивалот, кого редовно го следам и учествувам. Привилегија е да си дебранец зашто секој од нас го красат култура, гостопримство, почит кон другиот. Посакувам уште многу, многу успешни децении на оваа манифестацја, која е препознатлив бренд на градот, рече меѓу другото Ајдини.  

За отворен фестивалот го прогласи градоначалникот Хекуран Дука, кој посака успешни фестивалски денови и најави продолжување на подршката од страна на локалната власт. 

Признание за посебен придонес зво информирањето за фестивалот од самот негов почеток, доби дописникот на МИА, Вера Тодорвска.  

Вечерва првата претстава беше „Проколнети“од Олса Пошка,  во режија на Гент Чајани а во изведба на  тетовскиот театар.  Утре ќе настапат актерите од театарот „Темпули“ од Скопје со претставата „Ноќта на вистината“ во режија на Афердита Нухији, а следните денови пред дебарската публика ќе се претстават и Албански театар од Скопје, театрите од Драч и Корча, Албанија и од Урошевац и Приштина, Косово. 

Одржувањето на манифестацијата со 1,5 милиони денари го поддржа министертвото за култура, а со свои донации  и фирми од Дебар. вт/сст/

Остани поврзан