• недела, 06 октомври 2024

Отворено 12. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Сарај Фест“

Отворено 12. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Сарај Фест“
Скопје, 6 мај 2022 (МИА) - Во организација на културно - уметничко друштво „Дрита е Дервенит“ вечерва започна 12-тото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Сарај Фест“, што се одржува во Општината Сарај. На отворањето присуствуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која истакна дека ваквите културни манифестации, пред сè, ја збогатуваат културната понуда на градот Скопје, а нивното значење е обединувачко за развој на различните традиционални фолклорни елементи и народните песни кои се богатство на нашиот народ. Фестивалот ќе трае до 8 мај, а ќе настапат над 15 културни уметници и групи од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и од Црна Гора. ки/вг/  
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан