• сабота, 23 ноември 2024

Отворени пет изложби во галеријата „Ко-ра“ по повод Денот на ЕУ

Отворени пет изложби во галеријата „Ко-ра“ по повод Денот на ЕУ

Скопје, 10 мај 2023 (МИА) - Со настап на хорот ХМД „КОЧО РАЦИН“ - Скопје, под диригенство на Ангелина Спасовска, вчера во галеријата  „Ко-ра“ во Скопје беа отворени пет изложби, по повод Денот на Европа - 9 Мај.

„Екстра круг“ е изложбата на Петра Јовановска, уметница која е наградувана на меѓународни изложби ширум светот. Изложбата е отворена на Зелениот покрив на објектот ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје. Овој проект е поддржан од Град Скопје и од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје.

Изложби во галерија „Ко-ра“

Во галеријата „Ко-ра“ е отворена изложбата на Рафаел Ристовски „Градски рефлексии“. Во рамки на оваа изложба претставени се дваесеттина дигитални фотографии со манипулација кои ја акцентираат релацијата меѓу урбаното и природата затечена во една урбана констелација.

Изложби во галерија „Ко-ра“

Воедно, отворена е и групната изложба насловена „Нашата визија за ЕУ - Редефинирање на приоритетите“ со учество на триесетина учесници, меѓу кои Ирена Паскали од Германија, Гордана Квајо од Хрватска, Марија Светиева, Љубе Алексовски, Ангелина Поповска, Валентина Илијевска, Билјана Билбилоска, Славица Танеска, Стојче и Емилија Тоциновски, Виолета Наумова -Виле, Ангелца Стоиљковиќ, Жанета Радевска Спировска, Борјана Божиновска, Виктор Бранѓолица, Јана Кузманоска, Сузана Арсова, Анита Огњановска, Дијана Петкова, Фросина Ставровска, Андријана Андреева-Ани Соро, Дафина Веселиновска,  Светлана Пецакова, Нена Туниќ, Тања Кузманоска..

Исто така, отворена е и изложбата на проф доц Марко Ружин, како и изложбата „Поглед„ на уметницата Ивана Јовановиќ Тросоман од Хрватска. бт/са/

 

Остани поврзан