• среда, 20 ноември 2024

Отворена фитнес зона во Струмица

Отворена фитнес зона во Струмица

Струмица, 17 март 2023 (МИА) - Во Градскиот парк во Струмица, денеска е отворена фитнес зона финансирана од Агенцијата за млади и спорт.

Според директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче  Мојсовски, фитнес зоната во Струмица е петта која се отвора во државата од вкупно 15.

-Овие справи во фитнес зоната се за граѓаните и се надевам дека ќе остане во добра кондиција. И останатите за еден месец треба да бидат подигнати и ставени во употреба. Се надевам дека покрај овој објект, наскоро ќе почнеме со изградба на затворениот базен во Струмица, рече Мојсовски.

Градоначалникот на Струмица подвлече дека со фитнес зоната, но и со изградба на скејт парк на оваа лококација, ќе се заокружи спортската инфраструктура во овој дел на градот.

-На фитнес зоната сум посебно горд, бидејќи во предизборието кога ќе поминавме низ овој блок во паркот можевме да видиме руини и едно старо игралиште и најавивме дека во Струмица ќе има спортски комплекс на оваа локација. Тука имаме фитнес зона, скејт парк, паркинг простор и ново мултифинкционално игралиште, рече градоначалникот Костадинов.

На отворањето на фитнес зоната присутвуваа директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, советникот на премиерот, Ѓорги Тасев, членови на Советот на Општината и граѓани. рт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан