• четврток, 26 декември 2024

Отворена телефонска линија за консултација и советување за лица со деменција

Отворена телефонска линија за консултација и советување за лица со деменција
Скопје, 14 април 2020 (МИА) - Универзитетската клиника за неврологија информира дека е отворена телефонска линија за консултација и советување за лица со деменција и нивни негуватели. Пациентите можат да се јават на телефонскиот број 075/277-806 во амбулантата за деменции за консултација и советување, во периодот од 11:00 до 13:00 часот, во понеделник и среда. -Повозрасните лица се особено чувствителни на кризни состојби и природни катастрофи, а ова за жал се потврдува токму во овој период кога сите ние живееме во услови на променета дневна рутина поради пандемија со болеста предизвикана од корона вирусот Ковид-19, велат од Министерството за здравство. Во светот повеќе од 50 милиони лица живеат со деменција, а на секои три секунди се дијагностицира нов случај. -Лицата кои живеат со деменција имаат ограничен пристап до информации и факти за пандемијата со Ковид-19, а имаат и потешкотии да ги запомнат препораките за безбедно однесување и заштита, како на пример, носење на маска или во разбирањето на информациите од јавно здравствен карактер, односно почитување на полицискииот час. Ненамерното, а условено од самата болест, непочитување на предупредувањата и препораките за социјално дистанцирање, потенцијално ги изложува на поголем ризик и можност за инфекција, потенцираат од Министерството за здравство. ир/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан