• среда, 13 ноември 2024

Отворена нова веб-страница за достапност на Националните црвени листи

Отворена нова веб-страница за достапност на Националните црвени листи
Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) - Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ја отвори новата веб-страница за Национални црвени листи, достапна на „http://redlist.moepp.gov.mk/pocetna/“. Националните црвените листи, како што соопштува МЖСПП, се изработени во рамките на GEF/UNEP проектот „Постигнување заштита на биодиверзитетот преку креирање и ефективно управување со заштитените подрачја и одржување на биодиверзитетот во планирањето на користењето на земјиштето”, каде се идентификувани и систематизирани 46 видови од Херпетофауна, водоземци и влекачи, а извршена е проценка на 14 растителни видови, кои имаат меѓународен и национален статус на заштита. -Изработката на Црвените листи е една од најзначајните активности на МЖСПП во подрачјето на заштитата на природата во делот на зголемувањето на ефикасноста на заштитата и управувањето со компонентите на биодиверзитетот на национално ниво што воедно претставува и законска обврска, и е една од приоритетните акции од Националната стратегија за заштита на природа 2017-2028, и Националната стратегија за биодиверзитет 2017-2023, информира МЖСПП. Изготвените Национални Црвени листи, како што се наведува во соопштение, ќе имаат апликативна функција во секојдневната работа на МЖСПП, за спроведувањето на управните постапки за заштита, зачувување и одржливо управување со биодиверзитетот. Активноста е спроведена во соработка со Регионалната канцеларија за Источна Европа и Централна Азија на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN ECARO).бт/дма/

Остани поврзан