• петок, 27 декември 2024

Отворена младинска канцеларија во Општина Илинден

Отворена младинска канцеларија во Општина Илинден

Скопје, 26 февруари 2024 (МИА) - Во просториите на Домот на култура во Марино, денеска беше отворена младинска канцеларија, која има за цел подобрување на квалитетот на живот на младите, соопшти Општина Илинден.

На отворањето на младинската канцеларија, покрај младите од Општина Илинден, присуствувал и градоначалникот Александар Георгиевски, кој им посакал успешна работа и реализација на предвидените проекти во спроведувањето на локалните младински политики.

Градоначалникот Георгиевски, како што е наведено во соопштението, истакнал дека отворањето на оваа младинска канцеларија е во насока на поддршка на волонтерството, заштита на животната средина, проактивна вклученост на младите во културните случувања и процеси и изнаоѓање на форми за што поголема вклученост на младите во спортот, олеснување на преминот на младите од образование кон пазар на труд и мотивирање за нивно стручно надоградување.

-Младинската канцеларија е на располагање на граѓанските организации и младите, за да креираат програми и активности во насока на вклучување и информирање на младите луѓе. Учеството на младите во креирањето на младинските политики во општината е важно тело во застапувањето на младите и нивните интереси преку зајакнување на нивниот развој во идни успешни граѓани и професионалци, се анведува во соопштението. дма/са/

Фото: Општина Илинден

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан