• четврток, 26 декември 2024

Отворена Лабораторија за квантитативни истражувања во економски и организациони науки при штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Отворена Лабораторија за квантитативни истражувања во економски и организациони науки при штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Штип, 23 мај 2024 (МИА) - Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ денеска свечено ја отвори Лабораторијата за квантитативни истражувања во економски и организациони науки при УГД.

Проректорот за инвестиции, развој и одржување при УГД-Штип, Дарко Лазаров истакна дека ова е една од серијата лаборатории во рамките на Универзитетот и ќе има едукативна цел за  студентите во рамките на сите циклуси на студии. 

-Овде ќе можат да се изведуваат наставни и образовни активности кои се поврзани со квантитивните истражувања во проучување на економските области. Она што исто така е многу битно е тоа што лабораторијата ќе има научно истражувачка цел за професорите и истражувачите на УГД, вели Лазаров.

Тој посочи дека УГД-Штип изминатиот период посветува внимание и инвестира во подобрување на научно истражувачката инфраструкутра со цел да се зголеми научната работа на Универзитетот и публикацијата на научно истражувачки трудови.

Како гостин на настанот, а воедно и како гостин предваач беше д-р Султанија Бојчева-Терзијан, директор на Дирекција за статистика во Народната Банка на Република Македонија, која пред студентите од Економскиот факултет одржа предавање на тема „Статистичките податоци на Народната банка: Клучен фактор за донесување одлуки засновани на докази“. вдј/мд/

Фото: МИА
 

 

Остани поврзан