Отворена канцеларија на Левица во општина Чашка
- СООПШТЕНИЕ: Како одговор на потребите на народот, вечерва свечено и во позитивна атмосфера Левица ја отвори новата канцеларија во Чашка која се наоѓа во центарот на населбата.
2 април 2024
Како одговор на потребите на народот, вечерва свечено и во позитивна атмосфера Левица ја отвори новата канцеларија во Чашка која се наоѓа во центарот на населбата.
Народот се повеќе ја препознава идеологијата и вредностите на Левица - изградени на темелите на нашите предци кои го дале животот за Македонија и на кои почива вистината, праведноста и еднаквоста.
На отворањето присуствуваа кандидатот на Левица за претседател проф. Билјана Ванковска,претседателот на Левица Димитар Апасиев, пратеникот Борислав Крмов, членови на ЦК, симпатизери и гости од повеќе населени места.
Покрај свеченостите, претседателот Апасиев како и проф.Ванковска се осврнаа на престојните предизвици во текот на претседателската кампања како и непосредниот влез на двоцифрен број пратеници од Левица во Собранието и што тој зголемен капацитет ќе значи одбрана на националните и класните интереси на македонскиот народ.
,,Растот на партијата е евидентен. Претходно отворивме локални ограноци во поголемите градови, сега дојдоа на ред и помалите општини во Република Македонија. Овие средби и вашата поддршка не полнат со енергија да ја продолжиме нашата борба", истакна Крмов.
Постојаниот раст на Партијата е доказ дека народот ја препознава АСНОМ-ската идеологија и бескомпромисноста на Левица, како нова Идеја чие време допрва доаѓа!
Со почит,
Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица
—————————————————————————————————————————
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: Левица