Отворена канцеларија за бесплатна правна помош за оштетените потрошувачи на електрична енергија во Тетово
- Канцеларија каде граѓаните ќе може да се обратат за бесплатна правна помош околу сметките за електрична енергија отвори денес во Тетово, граѓанската иницијатива наречена „Доста е“ која од авг
Тетово, 18 декември 2020 (МИА) - Канцеларија каде граѓаните ќе може да се обратат за бесплатна правна помош околу сметките за електрична енергија отвори денес во Тетово, граѓанската иницијатива наречена „Доста е“ која од август организира протести поради зголемената цена на струјата. Канцеларијата се наоѓа во населбата Горна Чаршија.
-Основната идеја и цел за денешното отворање на канцеларија на граѓанската иницијатива против последното поскапување на електричната енергија „Доста веќе“ е да им се пружи легална законска бесплатна асистенција и правна помош на оштетените потрошувачи на електрична енергија особено на она категорија на граѓани што се најзагрозени со последното агресивно неправдено и подмолно поскапување на струјата. Се проширува активноста во смисла на заштита на граѓаните од сите неправди и штети кои секојдневно го претрпуваат од страна на енергетски компании и регулаторната комисија, изјави Јетон Шасивари, претставник на иницијативата.
Оваа иницијатива организираше протести на плоштадот, маршови низ улиците, блокади на сообраќај и герила акции. Се бара пониска цена на струјата за 46 отсто, укинување на регулаторната комисија, да се намали ДДВ од 18 на 5 отсто и да се формира независен арбитрарен орган кој ќе верификува квалитет на услуги и ќе ги адресира поплаките на граѓаните од енергетските компании. ас/аа/