• сабота, 23 ноември 2024

Отворена истрага за тешка телесна повреда со смртни последици во затворот Идризово

Отворена истрага за тешка телесна повреда со смртни последици во затворот Идризово

Скопје, 25 јуни 2024 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за тешка телесна повреда со смртни последици во затворот Идризово.

Осомничениот, осуденик на издржување казна затвор во КПУ Затвор Идризово – Скопје, на 31 мај тешко телесно повредил друг осуденик. Физички го нападнал во затворот со тупаници и клоци, а од нанесените тешки повреди оштетениот починал на 22 јуни.

-Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и опасност тој да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, се вели во соопштението од ЈОРСМ. 

Осомничениот се товари за кривично дело „тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска сп став 1 од Кривичниот законик. аа/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан