• недела, 24 ноември 2024

Отворена изложбата „Од Скопје до небесата“ во чест на Мајка Тереза во Романија

Отворена изложбата „Од Скопје до небесата“ во чест на Мајка Тереза во Романија

Скопје, 1 ноември 2023 (МИА) - НУ Спомен куќа на Мајка Тереза-Скопје, во понеделникот, ја отвори изложбата „Од Скопје до небесата“ во Темишвар, Романија. Изложбата е поставена во холот на Советот на округот Тимиш (Consiliul Județean Timiș) и истата се состои од 20 колажи на кои е претставен животниот пат на Мајка Тереза.

- На колажите е претставено нејзиното раѓање во Скопје, потоа заминувањето за Ирска, работата во Калкута, оформувањето на Мисионерки на милосрдието, нејзината хуманитарна работа низ светот, па се до нејзиното прогласување за светица, информираат од НУ Спомен куќа на Мајка Тереза-Скопје.

Изложбата ја отворил почесниот конзул на РСМ во Темишвар, Романија, Павел Ернест Дупта, кој пак, му отстапил збор на Насер Цури, директор на Спомен куќата, кој ја истакна долгогодишната соработка помеѓу двете земји како производ на културната размена која продолжува да гради мостови.

- Тој исто така ја потенцираше главната мисија на Мајка Тереза: „да правиме мали работи но со голема љубов“, која треба да ни биде основно начело во секојдневниот живот, известуваат од НУ Спомен куќа на Мајка Тереза-Скопје.

На изложбата говореле и Кристиан Алин Мос, потпретседател на Советот на округот Тимиш, Космин Габриел Табара Амунар, заменик градоначалник на градот Темишвар, Овидиу Меган, извршен директор на „Темишвар – Европска престолнина на културата 2023“ и Цветанка Вучковска-Митовска, комесар на изложбата.

- Директорот на Спомен куќата, Насер Цури, на сите говорници им врачи медалјони со ликот на Мајка Тереза. На отворањето меѓу поважните гости присуствуваа и Силвиу Софроние, почесен конзул на Молдавија во Романија, Сегундо Р. Ф. Монтенегро, почесен конзул на Перу во Романија, претседателката на еврејската заедница во Темишвар Луцијана Фридман како и претставници на повеќе верски заедници во округот Тимиш, известуваат организаторите.

Изложбата е финансиски поддржана од Министерството на култура на РСМ во рамки на Годишната програма за 2023 година.

- Целиот проект беше под покровителство на Конзулатот на РСМ во Темишвар, како и несебичното залагање на Амбасадата на РСМ во Романија од страна на в.д амбасадорот Муахрем Меџити, информираат од НУ Спомен куќа на Мајка Тереза-Скопје. ир/са/

Фото: НУ Спомен куќа на Мајка Тереза-Скопје

Остани поврзан