• недела, 24 ноември 2024

Отворање на 19. „Зимски салон“ на ДЛУМ

Отворање на 19. „Зимски салон“ на ДЛУМ
Скопје, 9 февруари 2022 (МИА) - Деветнаесеттата манифестација „Зимски салон“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер ќе биде отворена во Чифте амам. Селектор на годинашниот „Зимски салон“ е романската професорка од Националниот Универзитет за уметности во Букурешт, Анка Боериу, а зададената тема гласи „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконстуирање“. На изложбата ќе бидат претставени дела на 41 македонски автор. Од страна на кураторот и селектор на изложбата „Зимски салон“ поканети се пет автори гости од Романија: Марија Петку Чиоибас, Мирела Траистару, Патриција Теодореску, Ралукалариа Деметреску и Река Цсапо Дуп. Изложбата ќе биде отворена до 19 февруари 2022 година. мд/са/

Остани поврзан