• четврток, 26 декември 2024

Отворање на Нега центар во Демир Хисар

Отворање на Нега центар во Демир Хисар
Скопје, 21 јули 2021 (МИА) - Во Демир Хисар денеска ќе биде означен почетокот на работата на Нега центар, кој ќе дава услуги за нега и поддршка на стари лица. -Услугата има за цел да го подобри и одржи здравјето на старите лица во нивното семејно окружување и тоа преку  помош во извршување на активности од секојдневниот живот, велат од Министерството за труд и социјална политика. На пуштањето во работа на центарот ќе присуствува и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Развојот на оваа социјална услуга е финансиран од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка. сст/лв/    ​

Остани поврзан