• четврток, 26 декември 2024

Отворање на Конзулат на Србија во Охрид

Отворање на Конзулат на Србија во Охрид
Охрид, 22 јули 2022 (МИА) - Српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ во придружба на министерската за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, денеска ќе го отвори Конзулатот на Република Србија во Охрид, соопшти српската Амбасада во земјава. Според најавата, на отворањето на Конзулатот ќе присуствуваат и почесниот конзул на Србија во Охрид, Михајло Филев и охридскиот градоначалник Кирил Пецаков. Одлуката за отворање на својот Конзулат во Охрид, Србија ја донесе минатиот месец. Како што е објавено во Службениот гласник на Република Србија, српскиот Конзулат во Охрид ќе ги покрива општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца, Кичево, Дебар и Центар Жупа. сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан