• недела, 24 ноември 2024

Отворање на Еразмус+ инфо центар во Битола

Отворање на Еразмус+ инфо центар во Битола

Скопје, 4 април 2024 (МИА) - Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска, во Битола отвора Еразмус+ инфо центар.

Центарот ќе претставува креативен простор за информирање и вмрежување на сите Еразмус+ корисници и млади лица.

Настанот ќе биде пропратен со изложени дела на младата уметница Јана Танчевска, дегустација на македонски вина и музика за која се задолжени учениците од музичкото училиште во Битола, информираа организаторите. ир/вг/

Фото: НА Еразмус +

Остани поврзан