• недела, 28 јули 2024

Отварање на изложбата „За Возбудувачот“, дигитална фотографија од Лука Кекиќ

Отварање на изложбата „За Возбудувачот“, дигитална фотографија од Лука Кекиќ
Скопје, 14 март 2023 (МИА) - Во КСП Центар Јадро во Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „За Возбудувачот“, проект на дигитална фотографија од Лука Кекиќ. 
 
„За Возбудувачот“ ја симболизира потребата на авторот за нова перспектива и неговото истражување на актуелниот свет. Изложбата е составена од фотографии чии визуелен стил е концентриран околу улична фотографија и флорална фотографија, во негативни и термички ефекти.
Покрај самите фотографии, овој проект вклучува и видео инсталација, која е придружена со оригинален саундтрак, кој е инспириран и зeма примероци на звуците снимени од телескопите Хабл и Џејмс Веб на НАСА.
Главната инспирација за оваа изложба е теоријата дека не сите луѓе ги гледаат боите исти, и дека црвеното на еден поединец може да биде сино на друг, па оттука произлегуваат визуелно претставените абнормални бои.
Како што соопштија од КСП Центар Јадро, целта на оваа изложба е да и овозможи на публиката нова „перспектива“ за светот во кој живееме и да ја мотивира мислата дека секој поединец има различна перцепција и идеја за животот. бт/бак/

Остани поврзан