ОСХР: Убиени девет проирански борци во напади во источна Сирија
- Цел на нападите била вила која служела како центар за комуникација во сирискиот град Деир Езор, пшри што биле ранети уште над 20 членови на вооружените сили поддржани од Техеран, соопшти Центарот.
Бејрут, 26 март 2024 (МИА) - Најмалку девет проирански борци се убиени во воздушните напади во источна Сирија изведени во текот на ноќта, соопшти Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права –ОСХР (OSHR).
Цел на нападите била вила која служела како центар за комуникација во сирискиот град Деир Езор, пшри што биле ранети уште над 20 членови на вооружените сили поддржани од Техеран, соопшти Центарот.
ОСХР додава дека засега не се знае кој ги извршил нападите.
Меѓу убиените има и еден од водачите на проиранските борци, како и сириски државјанин.
Градот Деир Езор се наоѓа на околу 450 километри североисточно од Дамаск.сд/
фото:МИА архива