• сабота, 23 ноември 2024

Осум од Гостиварско и четири лица од Тетовско отишле од државата иако имале решенија за карантин

Осум од Гостиварско и четири лица од Тетовско отишле од државата иако имале решенија за карантин
Гостивар, 20 август (МИА) - Полицијата во контролите што ги спроведува за почитување на заштитните мерки, открила повеќе прекршоци. Во текот на вчерашниот ден на 27 лица од Тетовско и 15 лицa од Гостиварко изготвени им се соодветни поднесоци за неносење заштита на лицето. За дванаесет лица е утврдено дека и покрај решенијата за изолација, тие го напуштиле домот и отпатувале во странство. Според СВР Тетово, вчера полициски службеници во рамки на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека вкупно осум лица од Гостивар и гостиварските села Чегране, Чајле, Мало Турчане и Велебрдо, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и заминале надвор од земјата. Вчера и завчера (18/19 август), исто така, било утврдено дека четири машки лица од Тетово на возраст од 28 до 54 години, со решенија за изолација ја напуштиле земјата. Против сите лица ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик.   згм/цр

Остани поврзан