• среда, 13 ноември 2024

Осум милиони Романци редовно играат видеоигри

Осум милиони Романци редовно играат видеоигри
Букурешт, 3 ноември 2020 (МИА) - Речиси осум милиони Романци редовно играат видеоигри на своите паметни телефони, конзоли или таблети - ова го покажува истражувањето на пазарот во Романија спроведено од Асоцијацијата за развој на видеоигри за потребите наконференцијата за видеодизајнери - Дев.плеј.2020. Од 7,9 милиони гејмери на возраст од 15 до 64 години, 52 насто се мажи, а 48 насто - жени. Според резултатите од истражувањето, 39 проценти од корисниците на видеоигри имаат високо образование, а 48 отсто се во брак или во вонбрачна заедница. си/

Остани поврзан