Осум загинати и 39 спасени во несреќа со мигранти во близина на грчкиот остров Самос
- Безживотните тела на осум лица, од кои шест деца и две жени биле извлечени од морскиот дел северно од грчкиот остров Самос во новата несреќа со мигранти кои се пренесувале со чамец, додека на копно биле откриени и спасени вкупно 39 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 25 ноември 2024 (МИА) – Безживотните тела на осум лица, од кои шест деца и две жени биле извлечени од морскиот дел северно од грчкиот остров Самос во новата несреќа со мигранти кои се пренесувале со чамец, додека на копно биле откриени и спасени вкупно 39 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информациите од крајбрежната служба на Грција во спасувачката акција учествуваат патролни бродови и спасувачки брод, еден авион и еден хеликоптер, како и копнени сили.
Полицијата на копно открила 36 лица, тројца биле спасени од карпест дел на плажа, а од море биле извлечени осумте тела.
Засега, непознат е точниот број на лица кои се пренесувале во чамецот. ср/ссм/