• среда, 25 декември 2024

Осум дена притвор за осомничен за измама од тетовски Бродец

Осум дена притвор за осомничен за измама од тетовски Бродец

Тетово, 8 октомври 2022 (МИА) - Педесет и двегодишник од тетовско Бродец доби притвор откако беше приведен како осомничен за измама на четири луѓе од Тетовско. Судија во претходна постапка по вчерашното приведување, денеска му определил мерка притвор.

- По поднесена кривична пријава од СВР Тетово, судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, денеска (8 октомври) на К.А.(52)  од тетовски Бродец му определил осумдневен притворТој се сомничи дека во текот на годинава извршил измама на четири лица од Тетово и Тетовско, на кои им ветувал дека ќе им помогне за добивање различни видови документи, им зел парични средства и потоа не им се јавувал повеќе, со што сторил кривично дело измама“ казниво според член 247 од Кривичниот законик, информираат од СВР Тетово.

По определување на мерката осомничениот е спроведен во Казнено-поправната установа, Затвор Скопјеас/вг/

Остани поврзан