• сабота, 23 ноември 2024

Осум грчки региони во црвената зона со полициски час и забрана за музика во угостителските објекти

Осум грчки региони во црвената зона со полициски час и забрана за музика во угостителските објекти
Атина, 24 септември 2021 (МИА) – Уште три региони од северниот дел на Грција од денеска се во црвената зона со полициски час од еден часот по полноќ до шест часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, а истите рестрикции се продолжуваат во пет региони во кои беа воведени минатата седмица, јави дописничката на МИА од Атина. Поради влошената епидемиолошка состојба, Ксанти, Драма и Касторија се префрлени во црвената категорија, а мерките се продолжени во областа Пиерија во која спаѓаат Катерини, Паралија, Неи Пори, Платамона и сл, во областите Иматија, Пела и Кавала во северна Грција, како и во Арголида на Пелопонез. Регионот Евританија во централна Грција од црвената преминува во портокаловата зона и се укинуваат рестрикциите што важеа до вчера. Мерките се во сила до следниот петок во 6 часот наутро. Поголемиот дел од Грција е во портокаловата зона, а само неколку региони, повеќето од нив острови, се во зелената категорија. ср/паг/

Остани поврзан