• среда, 25 декември 2024

Осум војници загинаа, а 13 се ранети во напад на екстремистичка група во Того

Осум војници загинаа, а 13 се ранети во напад на екстремистичка група во Того
Ломе, 13 мај 2022 (МИА) - Најмалку осум војници загинаа, а 13 се ранети во напад од заседа изведен од екстремистичка група во северно Того во близина на границата со Буркина Фасо, соопшти денеска тогоанската влада.
Инцидентот е знак дека џихадистите кои имаат зголемени терористички операции во соседните земји ги прошируваат своите активности во Того.
„Група вооружени лица вчера утро направиле заседа во Кпинканканда во провинцијата Кпенџал, од каде ги нападнале одбранбените сили на Того“, се наведува во соопштението.
Во смртоносниот напад било оштетено оклопно возило, а џипот изгорел.
Досега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, а владата на Того ги обвини „терористите“ за „кукавичкиот и варварски напад“.
Владата соопшти дека е одлучна во одбраната, дека безбедносните сили ќе ја заштитат земјата и дека се во потрага по вооружени терористички групи за да ги онеспособат.
Ова е втор ваков напад во Того во последната година. Војската и безбедносните сили го одбија нападот во ноември 2021 година во истата област без жртви.
Групите поврзани со Ал Каеда и групата Исламска држава вршат сè поголеми напади во регионот Сахел, особено во соседна Буркина Фасо. паг/
 

Остани поврзан