• среда, 25 декември 2024

Осум високи европски претставници добија забрана за влез во Русија

Осум високи европски претставници добија забрана за влез во Русија
Москва, 30 април 2021 (МИА) - Русија забрани влез за осум државјани на земји од ЕУ. Тоа е наведено во соопштението на руското Министерство за надворешни работи како одговор на рестриктивните мерки, воведени од Советот на ЕУ на 2 и 22 март годинава против шест руски државјани. На црната листа на Русија се наоѓаат: - Иварс Аболиниш, претседател на Националниот совет на Република Летонија за електронски медиуми; - Марис Балтниш, директор на Државниот центар за јазици на Република Летонија; - Жак Мер, член на француската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа; - Јорг Раупах, шеф на Обвинителството во Берлин; - Давид Марија Сасоли, претседател на Европскиот парламент; - Оса Скот, раководител на Лабораторијата за хемиска, биолошка, радијациска и нуклеарна безбедност, Институт за истражувачка одбрана на Кралството Шведска; - Илмар Томуск, раководител на Одделот за јазици на Република Естонија; - Вера Јурова, потпретседател на Европската комисија за вредности и транспарентност. гт/

Остани поврзан