• сабота, 23 ноември 2024

Осумнаесетто издание на Летен академски курс во организација на БЕСТ Скопје

Осумнаесетто издание на Летен академски курс во организација на БЕСТ Скопје

Скопје, 20 јуни 2023 (МИА) - Борд на европски студенти по технологија (БЕСТ Скопје), во соработка со наставниот кадар од ФИНКИ, по 18-ти пат организира Летен академски курс, кој ќе се одржи од 16 до 24 јули.

- Професорите за време на академските активности, до странските и домашните учесници, ќе имаат за цел да ги доближат концептите на најактуелната тема на денешницата, а без сомнеж и на блиската иднина – вештачката интелигенција, посочуваат од БЕСТ Скопје.

На крајот од секој курс, учесниците полагаат завршен испит, со чие положување се стекнуваат со сертификат за успешно завршен курс од академски карактер.

- Но, овој настан не е само учење. Неминовен дел од убавината на академските курсеви се и новите пријателства стекнати со колеги од разни европски држави, незаборавните дружби и новите спомени кои никогаш нема да се заборават, истакнуваат организаторите.

БЕСТ Скопје (Борд на европски студенти по технологија) е огранок на интернационална студентска организација со локални групи на 85 различни универзитети во 30 држави низ цела Европа. ир/ац/

Фото: БЕСТ Скопје

Остани поврзан