• среда, 13 ноември 2024

Осуммина повредени во украински напад на Белгород, оштетени речиси 20 станбени згради

Осуммина повредени во украински напад на Белгород, оштетени речиси 20 станбени згради

Белгород, 9 мај 2024 (МИА) - Во украинскиот воздушен напад врз руската област Белгород во текот на ноќта осум лица се повредени, а оштетени се многу станбени згради и автомобили, соопшти денеска гувернерот на тој регион Вјачеслав Гладков.

Тој на Телеграм наведе дека меѓу повредените има и 11-годишно девојче, кое е хоспитализирано и додаде дека се оштетени повеќе од 30 станови во 19 станбени згради.

Како што јавуваат странските агенции, руските сили за воздушна одбрана собориле 15 ракети „Вампир“ и едно беспилотно летало во регионот на Белгород, две беспилотни летала во областа Брјанск, како и три беспилотни летала во областа Курск. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан