• петок, 27 декември 2024

Осумдесет и девет странски играчи од 34 земји се подготвуваат за рестартот на сезоната во НБА

Осумдесет и девет странски играчи од 34 земји се подготвуваат за рестартот на сезоната во НБА
Орландо, 30 јули 2020 (МИА) - НБА лигата се подготвува да ја продолжи сезоната 2019/20, што беше прекината во март поради пандемијата на коронавирус. Вечер 30 минути по полноќ ќе се игра дуелот меѓу градските ривали од Лос Анџелес, Лејкерс и Клиперс, додека во 3 часот е мечот Њу Орлеанс - Јута. НБА известува дека има 89 неамерикански играчи од 34 земји кои се подготвуваат за рестартирањето со 22 екипи. Осум од нив учествуваа на „Ол-стар“ натпреварот, што е рекорд. Секоја од 22. екипи има барем по еден странец. Повеќето од овие играчи се во Далас (7). Најмногубројни кошаркари покрај САД, за време на рестартирањето се од Канада (15) и Франција (7). Австралија, Германија и Србија се претставени со по пет играчи. Натпреварите по рестартот ќе бидат прикажани во 215 земји во светот. зс/

Остани поврзан