• недела, 17 ноември 2024

Осуден убиецот на 23 лица во пукотницата во супермаркет во Тексас во 2019 година

Осуден убиецот на 23 лица во пукотницата во супермаркет во Тексас во 2019 година

Вашингтон, 7 јули 2023 (МИА) - Самонаречениот бел националист кој уби десетици лица во продавница „Волмарт“ во Тексас планирано стрелајќи во Јужноамериканци доби 90 последователни доживотни затворски казни, јавија дел од американските медиуми.

Пресудата беше изречена од федерален судија по дводневни емоционални сведочења пред судот на жртвите и нивните семејства.

Патрик Крузиус (24) беше осуден денеска во судот во Ел Пасо по обвиненија за вршење злосторство од омраза за што тој се изјасни за виновен во февруари годинава

На 3 август 2019 година во масовно пукање во Ел Пасо супермаркетот „Волмарт“ Крузиус уби 23 луѓе и рани 22. Тој намерно стрелал само по Јужноамериканци. Градот се наоѓа во близина на границата со Мексико.

Властите подоцна го окарактеризираа нападот како домашен тероризам. Осудениот со обвинителството потпишал договор за помека казна, но се соочува со уште едно судење на државно ниво во кое може да добие смртна казна. кб/

Остани поврзан