• среда, 27 ноември 2024

Осуда од либанските власти за израелскиот напад врз цел во јужен Бејрут

Осуда од либанските власти за израелскиот напад врз цел во јужен Бејрут

Бејрут, 30 јули 2024 (МИА) - Либанскиот премиер го осуди израелскиот напад врз јужните предградија на Бејрут, неколку дена откако Израел вети дека ќе возврати на смртоносниот ракетен истрел од Либан врз окупираната Голанска висорамнина.

Наџиб Микати „ја осуди бесрамната израелска агресија врз јужните предградија на Бејрут“, се вели во соопштението на кабинетот на премиерот, опишувајќи го како „криминален чин“ во „серија агресивни операции во кои се убиваат цивили со јасно и експлицитно кршење на меѓународното право. 

Министерот за надворешни работи на Либан Абдалах Бу Хабиб изјави дека владата на земјата го осудува израелскиот напад што го погоди јужниот дел на главниот град и дека има намера да поднесе жалба до Обединетите нации.

Тој рече дека се надева оти одговорот од либанската воена група Хезболах, чие упориште е во јужниот дел на Бејрут, нема да ескалира.

Цел на израелскиот напад бил шефот на оперативниот оддел на Хезболах, но тој преживеал, изјавиле два безбедносни извори за западни медиуми. зш/

Остани поврзан