• среда, 13 ноември 2024

„Остриан ерлајнс“ ги продолжува суспендираните летови кон Тел Авив и Техеран

„Остриан ерлајнс“ ги продолжува суспендираните летови кон Тел Авив и Техеран

Виена, 5 август 2024 (МИА) - Поради тензијата на Блискиот Исток, „Остриан ерлајнс“ го продолжува периодот на суспендирани летови кон Тел Авив и Техеран до 12 август. Одлуката е донесена на состанокот на кризниот штаб на матичната компанија „Луфтханза“.

„Остриан ерлајнс“ им нуди на засегнатите патници бесплатна промена на датумите на патување. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан