• среда, 25 декември 2024

Остин: Смртта на Синвар е можност за траен прекин на огнот во Газа

Остин: Смртта на Синвар е можност за траен прекин на огнот во Газа

Вашингтон, 18 октомври 2024 (МИА) - Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, по веста дека Израел го убил лидерот на Хамас, Јахја Синвар, изјави дека неговата смрт е извонредна можност за воспоставување траен прекин на огнот во Газа.

- Смртта на Синвар е извонредна можност за воспоставување траен прекин на огнот и крај на овој страшен војна, рече Остин, додавајќи дека тоа исто така овозможува итна хуманитарна помош за луѓето во Газа.

Потврдувајќи ја американската поддршка за „правото на самоодбрана“ на Израел, Остин рече дека силите распоредени на Блискиот Исток се подготвени да го бранат Израел и да го намалат ризикот од севкупна војна во регионот.

Остин изјави дека ќе продолжи да ја промовира дипломатијата за завршување на конфликтот во Газа и Либан. ссм/

Остани поврзан