• среда, 25 декември 2024

Остин: Путин не сака судир со НАТО

Остин: Путин не сака судир со НАТО
Вашингтон, 11 мај 2022 (МИА) - Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не сака судир со НАТО. - Ова е борба, кој тој навистина не ја сака, истакна Остин на сослушување во Конгресот. Тој додаде дека голем број руски трупи се во Украина, а другите во Белорусија, додека НАТО на располагање има околу 1,9 милиони војници. Изјавите на Остин се во момент кога Шведска и Финска размислуваат за членство во НАТО. ми/

Остани поврзан