• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Остин пристигна во посета на Киев

Остин пристигна во посета на Киев

Киев, 21 октомври 2024 (МИА) - Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска пристигна во украинскиот главен град Киев, пренесуваат странските агенции, истакнувајќи дека тоа е израз на американската поддршка за Украина нешто повеќе од две недели пред претседателските избори во САД на 5 ноември.

Се очекува министерот детално да разговара за американската помош за Киев во одбраната од руските сили кои напредуваат во источна Украина.

Во меѓувреме, Остин објави дека ветениот ракетен одбранбен систем ТААД (THAAD - Terminal High-Altitude Area Defense) на Израел сега е „испорачан на земјата“. 

„Подготвени сме многу брзо да го пуштиме во функција и се оди според нашите очекувања“, изјави Остин. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан