Остин од Рамштајн: САД ќе испратат уште 500 милиони долари воена помош за Украина
- -Денеска објавувам нов пакет помош од 500 милиони долари за Украина. Пакетот вклучува ракети за борбени авиони, опрема за одржување Ф-16, оклопни системи и мало оружје и муниција, рече Остин, отворајќи состанок на Контакт групата во воздухопловната база Рамштајн во Германија, пренесуваат американските медиуми.
Берлин, 9 јануари 2025 (МИА) - Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска најави дека САД ќе испратат уште 500 милиони долари воена помош за Украина.
-Денеска објавувам нов пакет помош од 500 милиони долари за Украина. Пакетот вклучува ракети за борбени авиони, опрема за одржување Ф-16, оклопни системи и мало оружје и муниција, рече Остин, отворајќи состанок на Контакт групата во воздухопловната база Рамштајн во Германија, пренесуваат американските медиуми.
Оружјето се финансира преку претседателските овластувања за повлекување средства од буџетот, што значи дека може да се повлечат директно од американските залихи, а Пентагон се залага да и го достави на Украина пред крајот на месецот, рече Остин.
Тој додаде дека војната на Украина против руската инвазија е „важна за сите нас“.
-Сите ние имаме одговорност да обезбедиме автократите да не можат да ги стават своите империјални амбиции пред основните права на слободните и суверени народи, рече Остин.
На средбата учествуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за одбрана Рустем Умеров.сд/
фото:ЕПА