• среда, 25 декември 2024

Остин: Нападите врз американските војници во Ирак се недопустливи

Остин: Нападите врз американските војници во Ирак се недопустливи

Вашингтон, 7 август 2024 (МИА) - Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, изјави синоќа дека САД „нема да толерираат“ напади врз нивни војници. Изјавата ја даде за време на средбата што ја одржа заедно со државниот секретар на САД, Антони Блинкен, со министерката за надворешни работи и министерот за одбрана на Австралија, Пени Вонг и Ричард Марлс, во комплексот на Американската поморска академија во Анаполис, Мериленд.

Пораката на Остин се однесува на нападот врз американски војници во база во Ирак. Најмалку пет американски војници беа ранети, од кои еден сериозно, при нападот пред два дена врз воената база „Аин ал Асад“ во западниот дел на Ирак.

Запрашан дали знае кој стои зад нападот, министерот за одбрана рече дека САД се уверени дека станува збор за група поддржана од Иран. ссм/

фото: архива

Остани поврзан