Остин ги надгледува заедничките воени вежби меѓу САД, Јапонија и Австралија
- Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска изрази уверување дека заедничките воени капацитети на САД, Австралија и Јапонија ќе се зајакнат. Тој го изјави ова по заедничката вежба која покажа поблиска соработка меѓу трите армии во време на зголемени тензии во регионот.
Вашингтон, 11 декември 2024 (МИА) - Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска изрази уверување дека заедничките воени капацитети на САД, Австралија и Јапонија ќе се зајакнат. Тој го изјави ова по заедничката вежба која покажа поблиска соработка меѓу трите армии во време на зголемени тензии во регионот.
Во Јапонија, за време на разговорите со јапонските претставници, Остин ја пофали силата на јапонско-американската алијанса во време на глобални политички промени. Тој посочи дека соработката на САД со Токио и Сеул е клучна за регионалната стабилност.
Остин забележа, додека ги набљудуваше трилатералните вежби Јама Сакура 87 одржани во кампот Асака на јапонската армија на периферијата на Токио, дека опремата, муницијата и луѓето „се работите што ќе гарантираат успех ако некогаш нè предизвикаат на бојното поле“.
Вежбите започнаа минатиот петок и за првпат се комбинираат со воена командна вежба на САД, што ја прави најголема од почетокот во 1982 година, според американската Индо-пацифичка команда. мс/
фото: МИА архива