• среда, 25 декември 2024

Остварувањето на женските права во фокусот на средбата на Арсовска со директорот на НДИ

Остварувањето на женските права во фокусот на средбата на Арсовска со директорот на НДИ
Скопје, 17 февруари 2022 (МИА) - Остварувањето на женските права и застапеноста на жените во институциите на системот, со што ќе се подигне свеста за рамноправност и интегрирање на жените во сите сфери на општествениот живот, беше во фокусот на средбата на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со Роберт Скот Хајзлет, виш директор на Националниот Демократски институт - НДИ,  програмската директорка и тим лидерка на „WoMen Lead“ проектот Александра Цветковска и програмска офицерка и координаторка на ID Александра Димовска. Како што пренесуваат од Град Скопје, директорот Хајзлет потенцирал дека НДИ остварува проекти во соработка со ОБСЕ, како и со неколку општини во државата, а главната цел е просперитетот и интеграцијата на жените во општествениот живот, како и професионалноста на административните кадри во општините и институциите. На средбата се разговарало за тековните проекти на кои работи Градот Скопје за подобрување на условите на граѓаните во секој сегмент од секојдневното живеење. Арсовска истакнала дека соработката со НДИ во иднина може да претставува платформа од која што градската администрација ќе може да се стекнува со нови искуства, кои што ќе придонесат за подобра организација и подобри резултати во работењето на Град Скопје. ар/бак/

Остани поврзан