• недела, 24 ноември 2024

Остатоците од кинеската ракета паднаа во Индискиот океан

Остатоците од кинеската ракета паднаа во Индискиот океан
Пекинг, 9 мај 2021 (МИА) – Остатоците од најголемата кинеска ракета паднаа денеска во Индискиот Океан, а повеќето од нејзините компоненти беа уништени при влегувањето во атмосферата на Земјата, јавија кинеските државни медиуми. Делови од ракетата „Лонг Марч 5Б“ влегоа во атмосферата во 10.24 часот по локално време. „Местото на падот е во Индискиот океан, југозападно од Индија и Шри Ланка“, соопшти кинеската агенција за вселенски летови. Во соопштението се додава дека „повеќето остатоци од ракетата изгореа во атмосферата. паг/

Остани поврзан