• недела, 24 ноември 2024

Останува ист коефициентот за утврдување на плата на именуваните и избрани функционери

Останува ист коефициентот за утврдување на плата на именуваните и избрани функционери

Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) - Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска на седница одлучија да останат исти коефициентите за утврдување на плата на Претседателот на Република Северна Македонија, на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и на функционерите кои ги избира и именува Собранието на Република Северна Македонија.

Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Ѓорѓија Сајкоски образложувајќи  ја предлог-одлуката нагласи дека согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за основање на државна Комисија за одлучување во управна постапки и постапка од работен однос во втор степен, потребно е да се направат соодветни терминолошки усогласувања во оваа одлука.

-Станува збор за измени во насловот на претседател, заменик-претседател и член на државната Комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен. Притоа, коефициентот утврден со оваа одлука останува ист поради престанок на важење на Закон за основање на државна Комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекциски надзор и прекршочната постапка, точките од одлуката во која се определени коефициенти на претседателот, заменик-претседателот и член на државната Комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекциски надзор и прекршочната постапка се бришат, рече Сајкоски. 

Комисијата го разгледа и изгласа барањето поднесено од заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска за одобрување на надоместок на трошоците поради одвоен живот од семејството. Исто така, членовите го разгледаа и изгласаа барањето на пратеникот Миле Цеков за закупнина на стан. Ја изгласаа и Предлог-одлуката за именување на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен.

Исто така, членовите на Комисијата ја утврдија новата Предлог-одлука за именување на претседател и членови на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор. Комисијата го разгледа и изгласа барањето на Владимир Георгиев поранешен член на Државната комисија за спречување на корупцијата за испратнина при заминување во пензија. фф/аа/

Фото: Принтскрин од видео

Остани поврзан