• четврток, 19 декември 2024

Останува зимското сметање на времето, ќе се заштеди на електрична и топлинска енергија

Останува зимското сметање на времето, ќе се заштеди на електрична и топлинска енергија
Скопје, 25 октомври 2022 (МИА) - Владата, на денешната седница заклучи да се пристапува кон примена на зимското сметање на времето, како што се применуваше и досега. Овој заклучок е донесен согласно сите анализи на Информацијата од Министерството за економија, во врска со можноста за продолжување на примената на летното сметање на времето. - Од прикажаната пресметка за потребна топлина и анализата на промените на надворешните температури на часовно ниво, воочено е дека задржувањето на летното сметање на времето ќе предизвика зголемена потрошувачка на топлинска енергија од 1,5 - 3,5 проценти за грејната сезона. Согласно направената анализа на движењето на температурите во утринските часови и пресметките за потребна топлина за загревање, заклучено е дека со враќање во зимско сметање на времето ќе се заштеди на потрошувачка на електрична и топлинска енергија, информираат од Владата. Како што пренесува владината прес служба, според информациите од Министерството за економија проценката е направена во соработка со Министерство за финансии, Министерство за внатрешни работи, Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, Агенција за електронски комуникации, Биро за метрологија, Стопанска комора на Северна Македонија, Управа за хидрометеоролошки работи, Стопанска комора на северозападна Македонија и Економскиот факултет - Скопје. сх/аа/

Остани поврзан