• среда, 25 декември 2024

Оставки и на британските министри за транспорт и за животна средина

Оставки и на британските министри за транспорт и за животна средина

Лондон, 13 ноември 2023 (МИА) - Британскиот министер за транспорт Џеси Норман и министерката за животна средина Тереза Кофи, денеска поднесоа оставки на функциите во кабинетот на премиерот Руши Сунак.

Британскиот премиер денеска изведе неколку рокади и мини реконструкција на кабинетот, менувајќи ја министерката за внатрешни работи Суела Браверман со досегашниот шеф на дипломатијата Џејмс Клеверли, а не негово место го постави поранешниот премиер Дејвид Камерон.

Министерот Норман, го искористи потегот на премиерот со реконструкцијата, изјавувајќи дека својата одлука да си замине од ресорот ја донел „пред неколку месеци“. 

„Беше голема чест да служам во две влади по ред од 2016 година. Ви благодарам за мирното, фокусирано лидерство на кое бев сведок во последната година“, изјави Норман, пренесе „Гардијан“. 

Неколку часа подоцна својата оставка ја објави и министерката за животна средина.

„Верувам дека сега е вистинското време да се повлечам од владата“, напиша Тереза Кофи во писмото до Сунак објавено од неговата канцеларија, пренесено од британските медиуми.

Кофи досега имаше неколку министерски позиции во британската Влада, вклучувајќи и министер за здравство, работа и пензии, а исто така беше и вицепремиерка за време на премиерката Лиз Трас, претходничката на Сунак на Даунинг стрит 10.

Во писмото одговор до Кофи, Сунак и се заблагодари за нејзината „посветена служба“.

„Вие бевте движечка сила во работата на целата влада за поддршка на земјоделието и преземањето мерки за заштита на производството на храна во земјата“, наведе Сунак во посмото благодарница до министерката Кофи. сд/

Остани поврзан