• четврток, 26 декември 2024

Оспособен е оштетениот цевковод, се нормализира водоснабдувањето во Тетово

Оспособен е оштетениот цевковод, се нормализира водоснабдувањето во Тетово

Тетово, 20 март 2021 (МИА) - Саниран е дефектот на цевководот од новиот водоснабдителен систем за Тетово што се појави на почетокот од работната недела. По ова, во Тетово се очекува постепено нормализирање на водоснабдувањето и укинување на рестрикциите. Засега системот добива 70 литри, а по сите проверки постепено во мрежата ќе бидат во оптег сите количини вода кои се добиваат од планинските реки.

- Цевководот од новиот водоснабдителен систем за Тетово повторно е оспособен, односно заменети се оштетените делови од цевките и целиот систем е поврзан во целина и овозможува пренос на водата од планинските реки до филтер станицата и потоа до градската мрежа и потрошувачите. Во текот на вчерашниот ден, преку овој систем пуштени се 70 литри вода во секунда, но се уште се прават проверки околу притисокот во цевководот и други параметри за да целосно биде во функција. Наши работници и денеска се на местото каде беше детектирано оштетување на цевките поради ерозија на земјата, изјави Љуљим Шаќири, раководител на работната единица „Водовод и канализација“ при ЈКП Тетово.

Со надминување на проблемот на новиот водоснабдителен систем и целосно негово вклучување во снабдувањето на градот ќе се укинат и рестрикциите кои се спроведуваа од вторникот. Како резултат на лизгање на земјиште на линијата од Лешница се појави оштетување на цевка со големина од фи-500. Беа воведени рестрикции во вкупно траење од 11 часа и 30 минути во еден ден.ас/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан