• среда, 25 декември 2024

Осомничениот за убиството на Данка Илиќ во обвинителството негираше вина

Осомничениот за убиството на Данка Илиќ во обвинителството негираше вина

Заечар, 4 јуни 2024 (МИА) - Во Вишото јавно обвинителство во Заечар, Срѓан Ј., осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ, денеска целосно го негирал извршувањето на делото, јавија српските медиуми.

Неговиот распит започна околу 10 часот и траел три часа, по што полициските службеници го извадиле осомничениот од обвинителството и го однеле со полициско возило.

Адвокатот Живадин Богдановиќ, бранител на осомничениот, пред присутните новинари изјави дека во договор со неговиот клиент нема да го коментира денешното рочиште.

Срѓан Ј. по приведувањето се бранеше со молчење, односно го искористи законското право да не дава одбрана, додека другиот обвинет Дејан Д. го призна убиството. Двајцата се во притвор, додека таткото на Дејан Д., осомничен дека му помагал на синот да го премести телото на девојчето, неодамна е пуштен од притвор.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско Поле кај Бор. мс/

Остани поврзан