• вторник, 24 декември 2024

Осомничениот за нападот во домот на Пелоси обвинет за обид за киднапирање 

Осомничениот за нападот во домот на Пелоси обвинет за обид за киднапирање 

Вашингтон, 31 октомври 2022 (МИА) Федерални обвинители покренаа тужба против лицето обвинето за провалување во домот на спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, за обид за нејзино киднапирање и за напад врз близок роднина на сојузно службено лице, се дознава од тужбата поднесена денеска. 

Осомничениот, Дејвид ДеПапе (42) беше фатен од полицијата во петокот, во раните утрински часови. Според полицијата тој насилно влегол низ задната врата на домот на Пелоси во Сан Франциско, бил соочен со нејзиниот сопруг Пол Пелоси (82) и фаќајќи се во костец со него го удрил со чекан. 

Споед властите Депапе ја барал Пелоси, кој тогаш не била дома а во Вашингтон. Тој носел „селотејп, бело јаже, втор чекан, пар гумени и текстилнои ракавици и зип врзалки“. 

Властите претходно укажаа дека Депапе имал подготвено список на лица кој планирал да ги нападне.  

Инцидентот се случува на помалку од две недели до конгресните избори во САД, и се поврзува со нападите на Капитолот лани на 6 јануари. 

Високи службени лица од Вашингтон стравуваат од напади на радикалните неистомисленици, а поттикнати од повиците на некои републикански лидери како екс претседателот Доналд Трамп за непризнавање на наводно фалсификуваните претседателски избори во 2020 година, кога Трамп изгуби од неговиот противкандидат, сегашниот претседател Џо Бајден. кб/  

Остани поврзан