• петок, 20 декември 2024

Осомничениот за масовното пукање во Мејн пронајден мртов

Осомничениот за масовното пукање во Мејн пронајден мртов

Вашингтон, 28 октомври 2023 (МИА) - Осомничениот за масовното пукање во американската сојузна држава Мејн, во кое беа убиени 18 лица, е пронајден мртов, потврди гувернерката на државата Мејн, Џенет Милс.

Потрагата по мажот траеше повеќе од два дена. Осомничениот е идентификуван како Роберт Кард, 40-годишен резервист.

Тој со полуавтоматско оружје нападнал луѓе во ресторан и куглана вечерта на 25 октомври во градот Левистон. Во престрелката имало 13 повредени. Според локалните медиуми, Кард најверојатно имал психички проблеми. 

Неговото тело е пронајдено во градот Лизбон во реон на објект за рециклирање отпад каде што работел. Кард ја носел истата облека што ја носел за време на нападот. Тој изврши самоубиство, изјави Мајкл Сашак, началник на Одделот за јавна безбедност во Мејн. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан